Црногорскиот фудбал веќе два дена го тресе нов скандал откако екипите на Зета и Будва одиграа „сомнителен“ меч. Екипите на Будва, Зета и Ибар беа во трка за пласман во Втората лига. Зета беше прва, а во последното коло играа Будва и Зета.
Калкулациите велеа дека ако Будва и Зета одиграат реми барем со по два гола на двете страни (2:2, 3:3…), а потоа Будва да победи на пенали, ќе значи дека Ибар извисува од комбинација и нема да влезе во Втората лига.
Токму тоа и се случи, и тоа на многу чуден начин. Зета водеше со 3:0 со голови постигнати во првите 32 минути, а потоа Будва тргна во напад и веќе во 54-тата минута резултатот беше 3:3. До крајот на дуелот немаше погодоци, а Будва на пенали победи и двата тима се радуваа.
Сепак, ваквиот расплет на мечот доведе до сомнеж, па од Фудбалската федерација на Црна Гора најавија истрага, а се бара реакција и од правосудството.