Килијан Мбапе уште утре ќе биде играч на ПСЖ и прашање на време е кога ќе биде објавено дека од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.
Но, во моментите додека ги брои последните часови како играч на ПСЖ, француските медиуми пишуваат дека разделбата со Светците нема да помине во најдобар ред и дека и самиот Мбапе е свесен за тоа по разговорот со претседателот Насер Ал-Келаифи и со проверката на банкарското салдо.
„Лекип“ пишува дека ПСЖ на својот сè уште најдобар играч не му ја исплатил платата за април, како и договорениот бонус за февруари.
„Ова се чини дека е нова маргинализација од страна на ПСЖ. Покрај сè, клубот од главниот град „заборави“ да му ја исплати априлската плата и премијата за февруари на својот играч“, пишува „Лекип“.
Според француските медиуми, адвокатите на ПСЖ и на Килијан Мбапе ги договораат деталите од разделбата на фудбалерот со Светците.