Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Роналд Куман, го објави конечниот список од 26-мина фудбалери за Европското првенство во Германија. Големо изненадување претставува тоа што во комбинација нема да биде Јан Матсен од Борусија Дортмунд, кој во сабота ќе игра во финалето на Лигата на шампионите, а нема да биде дел од селекцијата на Европското првенство.
„Размислував кога е најдобро да му кажам за одлуката бидејќи треба да игра финале на Лигата на шампионите. Сметав дека денес е тој ден бидејќи ќе има три дена да се фокусира за финалето. Секако, разочаран е“, вели Куман.
Селекторот на Холандија има и свои причини зошто го изоставил левиот бек на Борусија Дортмунд од Европското првенство.
„Зошто не е земен Јан Матсен? Имаме голем избор на неговата позиција и на нив гледам како подобри решенија. Далеј Блинд имаше одлична сезона во Жирона, Мик ван де Вен игра во Тотенхем, тука е и Натан Аке“, рече Куман.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1795809289828999364?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1795809289828999364%7Ctwgr%5E78d64af05538e1005194b4bf41451f7916ffcce6%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fnizozemska-euro-2024-sastav%2F475425