Екипата на Олимпијакос синоќа стигна до својот најголем успех во клупската историја откако го освои трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Во големото финале, кое се играше во Атина, Олимпијакос со 1:0, и тоа со гол во 116-тата минута, стигна до победа над Фиорентина.
Фановите на Олимпијакос „експлодираа“ од среќа, што беше знак дека може да започне големото славење. Олимпијакос е првиот грчки тим кој освои клупски трофеј од УЕФА, и тоа на 99 години од формирањето.
По завршување на финалето, низ улиците на Атина завладеа вистинска еуфорија и прослава која траеше долго во ноќта.