Доведувањето на Винсан Компани за нов тренер на Баерн Минхен беше изненадување за многумина. Компани беше на чело на Барнли, тим кој испадна од Премиер лигата, но и покрај тој неуспех, Баерн Минхен исплати 15 милиони евра за да го добие белгискиот стратег.
Подолго време Баерн Минхен бараше замена за Томас Тухел, а неколку докажани тренери откажаа соработка, па голема дилема беше кој ќе биде новиот предводник од клупата. Препорака за Компани стигнала од Пеп Гвардиола.
Гвардиола беше тренер на Баерн Минхен три години, а потоа остана во одлични односи со челниците на баварскиот гигант. Пеп дал позитивна оценка за работењето на Компани, па иако испадна од Премиер лигата, во Барнли успеа да го смени стилот на игра и започна да игра многу поофанзивно и поатрактивно, што сигурно е цел на Баерн Минхен.