Сопственикот на Олимпијакос целата премија за освојувањето на КЛ ќе им ја подели на фудбалерите

Фудбалерите на Олимпијакос испишаа историја откако го освоија првиот европски трофеј во историјата на клубот, кој е формиран пред 99 години. Клубот од Пиреја во финалето од Конференциската лига ја совлада Фиорентина со 1-0, со гол постигнат во 116-тата минута, а контроверзниот сопственик на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, изјави дека целата премија за освоениот трофеј ќе им ја подели на фудбалерите.

УЕФА на Олимпијакос ќе му исплати бонус од пет милиони евра за освојувањето на третото по ранг европско натпреварување, а токму оваа сума ќе ја добијат фудбалерите на грчкиот клуб како награда за освојувањето на Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести