Енцо Мареска сè уште не е официјално претставен како нов тренер на Челзи, но тој веќе почнува да крои планови за новите засилувања кои летово треба да пристигнат на „Стемфорд бриџ“.
Тој во разговор со раководството на екипата истакнал дека не е задоволен од ростерот со којшто располага и како прво засилување го побарал напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен. Оваа желба на Италијанецот ќе го чини Челзи 120 милиони евра, но прво треба да се исполни еден услов за да може да биде купен Нигериецот.
Челзи ќе мора да продаде неколку свои фудбалери до 30 јуни за да може да купува нови, а со тоа да бидат задоволени критериумите од финансискиот ферплеј.
Мареска не е задоволен ниту од голманите, па Челзи ќе тргне по потписот на Џејмс Трафорд, кој имаше одлична сезона со Барнли. „Сините“ од Лондон ќе понудат 20 милиони евра за неговите услуги, еден повеќе од сумата за којашто минатата сезона Барнли го купи од Манчестер сити.