Минесота е фаворит вечерва, Далас ако сака да игра финале, тогаш Дончиќ и Ирвинг мора да шутираат подобро (Фото)

Кошаркарите на Далас маверикс вечерва ја имаат втората од четирите меч-топки против Минесота тимбервулфс кои ги носат во големото НБА-финале.

Далас води со 3-1 во победи во финалето на Западната конференција и вечерва во „Таргет центарот“ во Минеаполис има шанса по 2011 година, кога ја освои титулата, повторно да игра во финалето.

Далас водеше со 3-0 во победи, но кошаркарите на Минесота не се предадоа и во Тексас ја остварија првата победа и се надеваат дека со нов триумф ќе внесат дополнителна нервоза во таборот на Далас.

Во претходниот меч, блесна Ентони Едвардс кому му фалеше една асистенција за трипл-дабл (29 поени, 10 скока и 9 асистенции), додека на спротивната страна потфрлија најголемите ѕвезди на Далас, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, кои очајно шутираа.

Во петтиот меч, фаворитската улога ја има Минесота (1.55), додека квотата за триумф на Далас кој би го однел во големото НБА-финале е 2.80.

Во понудата на Sport Life има одлична понуда за „плус-минус“ ефектот на кошаркарите. Љубителите на НБА-лигата може да одиграат за тоа коилку поени ќе постигнат кошаркарите, колку скокови ќе имаат и колку асистенции, а тука е и комбинираната игра на збирен број поени-скокови-асистенции.

- Оглас -

Најнови вести