Како во филмот Денот на мрмотот, тренерот на Олимпијакос последните две сезони на идентитен начин освојува два европски трофеи

Фудбалерите на Олимпијакос синоќа го освоија првиот европски трофеј откако во финалето во Лигата на конференции со 1:0 ја совладаа Фиорентина.

Грчкиот тим победи благодарение на голот на Ајуб Ел Каби во 116-тата минута, а на клупата на Олимпијакос беше Хозе Луис Мендлибијар, кој има интересна приказна за која може да се каже дека наликува на дејствијата од филмот „Денот на мрмотот“.

Во март минатата година 63-годишниот Мендилибар беше именуван за тренер на Севиља. Тој беше трет тренер на шпанскиот тим минатата сезона, а само два месеца подоцна, тој триумфира во Лигата на Европа откако во финалето беше подобар од Рома.

Мендилибар стана најстариот тренер кој триумфирал во Лигата на Европа и стана првиот тренер кој го победил Жозе Мурињо во европско финале. Оваа година се повтори идентично сценарио.

Мендилибар во февруари годинава беше именуван за тренер на Олимпијакос.

Повторно, тој беше трет тренер кој седна на клупата на грчкиот тим оваа сезона. Три месеци подоцна, со Олимпијакос победи во Лигата на конференции и стана најстар тренер кој победил во ова натпреварување.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести