Слот го отпиша најскапото засилување во историјата на Ливерпул, планира да го замени со играч на Астон вила

Новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот, кој доаѓа на местото на Јирген Клоп, ѝ порачал на управата на клубот кој играч прв може да го напушти „Енфилд“ и кого го сака како прво засилување.

Најголема желба на Слот во летниот преоден рок е напаѓачот на Астон вила, Оли Воткинс, објавија англиските медиуми.

Воткинс во последните неколку сезони игра фантастично, а во сезоната која штотуку заврши беше четврти стрелец во Премиер лигата со 19 постигнати голови, со што го привлече вниманието на најголемите англиски екипи, меѓу кои е и Ливерпул.

Според „Трансфермакт“, вредноста на Воткинс изнесува 65 милиони евра, но сигурно е дека Црвените ќе мора да издвојат многу повеќе за да го донесат на „Енфилд“.

Од друга страна, Слот ѝ порачал на управата дека не смета на најскапото засилување во историјата на Ливерпул, Дарвин Нуњес, кој беше платен речиси 100 милиони евра. Нуњес не се покажа како вистинско решение во нападот, а неговите промашувања го чинеа Ливерпул многу бодови.

- Оглас -

Најнови вести