Мота ѝ нареди на управата на Јувентус да му донесе ѕвезда на Аталанта

Новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, кој доаѓа на местото на отпуштениот Масимилијано Алегри, веќе го капариса првото засилување, но нема намера тука да застане.

Прво засилување за Старата дама во летниот предеон рок ќе биде најдобриот голман сезонава во Серија А, Микеле ди Грегорио од Монца, а следна цел на Мота е и играчот од средниот ред на Аталанта, Тон Копмајнерс.

Одличниот холандски репрезентативец одлично се снаоѓа на сите позиции во средниот ред, а неговата вредност изнесува 40 милиони евра.

Копмајнерс сезонава одигра 50 натпревари за Аталанта во сите натпреварувања и постигна 15 гола, а имаше и седум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести