Битки за Конференциската лига ширум Европа, ефикасно ќе биде во Скандинавија (Фото)

3152 ЦСКА Софија – ЦСКА 1948 (19:00)

Двете екипи од Софија кои го носат истото име, ЦСКА, вечерва ќе одлучуваат за место во Конференциската лига на УЕФА. Условно кажано, домашната екипа е во предност, пред сè поради подобриот скор во меѓусебните дуели против ривалот кој ја има додавката 1948. Седум меча по ред ЦСКА нема загубено од ЦСКА 1948, но ова е меч со голема тежина, па се очекува и двете екипи да постигнат барем по еден гол. Двете мрежи се тресеа на две од последните три средби, односно на три од последните пет меѓусебни дуели на овие две екипи.

Предлог тип: ГГ (2.08)

 

3401 Млада Болеслав – Храдец Кралове (19:00)

И во првенството на Чешка ќе се одлучува за патникот во Конференциската лига. Еден меч ќе го решава патникот во Европа, па и тука нема да има штедење и ќе се игра на гол повеќе од противникот. На последните два меча на коишто настапи екипата на Млада Болеслав беа постигнати четири, односно пет гола, додека во меѓусебните дуели на два од последните три имаше најмалку по два гола.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)

 

2801 Копенхаген – Рандерс (19:00)

Екипата на Копенхаген долго беше во игра за шампионската титула во Данска, но на крајот дојде во ситуација да игра во плејофот за пласман во Конференциската лига. Клубот од главниот град на Данска е апсолутен фаворит во овој меч и се очекува да го совлада Рандерс во меч на којшто ќе има погодоци. Копенхаген победи на последните два меча против Рандерс, воедно и на двата натпревари имаше 3+ голови, односно беа постигнати четири и шест гола.

Предлог тип: : 1 & 3+ (1.89)

 

2511 Лин – Мјондален (19:00)

Екипите на Лин и Мјондален никогаш во меѓусебните дуели немаат одиграно нерешено и секогаш една од екипите победувала. Двапати тоа бил Мјондален, а само еднаш победил Лин, и тоа на последниот меч. Овие две екипи во меѓусебните дуели декогаш играат со 3+ голови.

Предлог тип: 12 & 3+ (1.82)

 

2534 Љунгшиле – Фалкенберг (19:00)

Фудбалерите на Фалкенберг како апсолутни фаворити патуваат на гостувањето кај Љунгшиле. Гостите се први на табелата во третата лига на Шведска, додека домашниот состав е на 13-тата позиција од вкупно 16 екипи. Фалкенберг е во импресивна серија од пет победи по ред, а на четири од нив беа постигнати најмалку по два гола. На последните шест натпревари на Љунгшиле беа постигнувани најмалку по два гола.

Предлог тип: 2 & 1+I&1+II (1.68)

- Оглас -

Најнови вести