Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Противник на нашите фудбалерки е селекцијата на Молдавија, против која никогаш претходно немаме играно.
Според квотите, Македонија е голем фаворит со квота за победа од 1.37, а зошто е тоа така, доволно говори фактот дека Молдавија нема победа на последните девет натпревари. Последната победа ја забележаа минатата година против Црна Гора во пријателски натпревар, а оваа победа е единствена за Молдавките на последните 32 средби.
За разлика од нив, Македонија победи на гостувањето против Летонија и во моментов е на втората позиција во нашата група, па со добри резултати на двата меча против Молдавија, но и на домашниот против Летонија, нашите фудбалерки со сигурност ќе завршат како втори во групата и ќе се пласираат во плејофот за пласман на Европското првенство.
Денес ширум Европа се играат голем број натпревари од квалификациите за Европското првенство за жени, а комплетната понуда на Sport Life може да ја најдете на следниов ЛИНК.