Анчелоти прави голема измена за финалето, ќе игра без еден од клучните играчи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по рекорден осми пат ќе биде дел од финалето во Лигата на шампиони. Два пати играл како фудбалер и по шести пат како тренер. Италијанскиот стратег е еден од најдобрите стратези на денешницата, а пред финалето во ЛШ најавува голема измена во борба за трофејот.

„Финалето во Лигата на шампиони е еден од најважните, но и најтешките натпревари. Тоа е меч со две острици. Мораме максимално да уживаме, а сепак треба да бидеме и фокусирани затоа што тука е голем влогот, а тоа е освојување во Лигата на шампиони. Мора да се има среќа, да играме добро и никогаш да не го спуштиме гардот. Секако дека ќе има и страв. Ќе бидеме многу среќни ако победиме“, вели Анчелоти кој откри дека за финалето ќе брани Тибо Куртоа, а Лунин останува како резервен играч.

„Лунин дури денеска ќе дојде во Мадрид. Тој беше болен, сега се чувствува добро, но сепак ќе биде на клупата за резерви. Ќе брани Тибо Куртоа“, најавува Анчелоти пред денешниот дуел со Борусија Дортмунд.

Поради повреда Куртоа ја пропушти речиси целата сезона, а Лунин имаше фантастични одбрани и беше еден од најзаслужните што Реал е во финалето на ЛШ, но сега на најважниот меч, украинскиот голман ќе биде на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести