Одложен боксерскиот спектакл меѓу Мајк Тајсон и Џек Пол

Боксерскиот меч меѓу легендарниот Мајк Тајсон и некогашната инфлуенсерска супер ѕвезда Џек Пол е одложен. Спектаклот кој беше закажан за 20 јули и требаше да биде на стадинот на Далас каубојс, сепак нема да се случи и тоа поради здравствени проблеми на 57-годишниот Тајсон. Новиот датум за борбата треба да биде објавен на 7 јуни.

„Сакам да се заблагодарам на моите навивачи од целиот свет, на подршката која ми ја даваат и на разбирањето. За жал ми се воспали чир, а лекарите ме советуваа неколку недели да намалам со тренинзите, како би можел подобро да се опоравам и одморам“, објасни Тајсон.

Проблемот со чирот се појави за време на авионскиот лет на Тајсон од Мајами за Лос Анџелес кога некогашниот боксер почувствувал мачнина и вртоглавици на 30 минути пред следувањето. Тогаш веднаш реагираа лекарските екипи.

Некогашниот голем шампион во тешка категорија вели дека телото и кондицијата му е во одлична форма, како никогаш претходно во последните триесетина години.

„Телото ми е во подобра состојба отколку што ми беше во последните триесетина години. Наскоро ќе се вратам на тренинзите с о полна сила. Џек Пол со ова можеби си „купи“ малку време, но на крајот секако ќе те нокаутирам и засекогаш ќе те исфрлам од боксот. Борба ќе има ама подоцна оваа година“, потенцираше Тајсон.

- Оглас -

Најнови вести