Бешикташ – Фенербахче (19 часот)
На ред е едно од трите големи дербија на Истанбул, а по долг период и двете екипи не се кандидати за титулата. Бешикташ има некакви шанси, но и да го победи Фенербахче, ќе биде 9 чекори далеку од лидерот Башакшехир и три бода зад Галатасарај.
Многу полошо стои Фенербахче на делба на 16-тото место, кое води во понизок ранг. На Елиф Елмас и соиграчите многу повеќе им требаат бодовите, но на вакви натпревари ривалитетот е огромен и попуштање не постои.
Играчите на Бешикташ ќе сторат сè за да го втурнат големиот ривал во нови проблеми и кон Втората лига, но и Фенер полека ја стабилизира формата. Квалитетот не им е спорен, но ситуацијата не им е розова и не смеат да си дозволат пораз од Бешикташ.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.00) Квота на денот
ФК Копенхаген – Вендсисел (19 часот)
Разликата во квалитет е голема во корист на најтрофејната екипа во Данска. ФК Копенхаген има 12 титули и е прв кандидат за тринаесетката, но за такво нешто и за враќање на трофејот што лани им го зеде Митјиланд му требаат победи против екипи од калибарот на Вендсисел.
Гостите се борат за опстанок, веројатно ќе се обидат со затворена варијанта и цврста одбрана да освојат барем еден бод, но ФК Копенхаген е одлична екипа и нема да пропушти шанса да му побегне за три бода на Митјиланд.
Предлог тип: T1 1+I & Т1 3+ (2.25) Квота на денот
Лајпциг – Хофенхајм (20.30 часот)
Последниот дуел од 23-тото коло во Бундеслигата може да биде вистински шлагер со многу голови бидејќи се работи за супер ефикасни екипи.
И Лајпциг и Хофенхајм играат напаѓачки и сезонава често даваат, но и примаат голови. И нивните меѓусебни дуели се мошне ефикасни, а нема никаква причина тој тренд да не продолжи и вечерва.
Лајпциг има убава можност да обезбеди настап во Лигата на шампионите за идната сезозна, а Хофенхајм се обидува да стигне до Лигата на Европа.
Играњето на повеќе фронтови и на двете екипи си го зема данокот со повредите, па кај Лајпциг сигурно нема да настапи Упамекано, а неизвесени се Форсберг, Хајдара и Кемпл.
Кај гостите во последен час ќе се знае дали некој од долгата листа со седум презимиња на која се Жоелинтон, Баумгартнер, Бичакчиќ, Гајгер, Руп, Хубнер и Фогт ќе успее да ја санира повредата и да настапи денеска.
Ова е меч за голови и прогнозираме еден до три погодоци наизменично во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90) Квота на денот
Жирона – Реал Сосиедад (21 часот)
Во Шпанија секогаш е интересно кога меѓу себе играат екипи од Каталонија и Баскија, а и вечерва ќе има таков дуел на „Мунисипал Монтиливи“ во Жирона.
Интересно е што Реал Сосиедад со победа во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ја почна серијата од 9 меча без пораз во сите натпреварувања, а Жирона се надева дека ќе го следи примерот на тимот од Сан Себастијан. И тие во минатото коло го нокаутираа Кралот и победија во Мадрид со 2-1, со што ја прекинаа низата од 4 порази.
Голем проблем за гостите е што нема да играат Илјарименди и Жозе Вилијан, најопасниот напаѓач на Реал Сосиедад, но тие се во страшна форма и можат да ја продолжат низата успеси.
Предлог тип: Х2&3+ (3.75)
Бенфика – Шавеш (22.15 часот)
Бенфика има само едно реми на 7 меѓусебни дуели со Шавеш. Сè останато се победи, и тоа убедливи на португалскиот гигант. Орлите од Лисабон со одлични резултати во 2019 година стигнаа во ситуација рамноправно да бијат битка за титулата со големиот конкурент Порто.
Затоа не смеат да си дозвиолат кикс против екипи со скромен квалитет, каков што има Шавеш. Бенфика ќе се обиде брзо да го реши мечот со голови во првото полувреме, нешто што им успева на четири меча по ред во португалското првенство.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.86)