Триумф на Македонија У-21: Марио Илиевски и Лука Станковски ја торпедираа Полска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ја победи Полска со 1:2 на пријателскиот натпревар во Радом. Ова е потврда дека селекцијата на Драган канатларовски поседува поголем квалитет од резултатите што ги оствари во овој квалификациски циклус.

Марио Илиевски ја доведе Македонија во водство во 44.минута. На почетокот на второто полувреме, Лука Станковски постигна втор гол за нашиот национален тим во 47.минута од натпреварот.

Полска успеа да намали преку Карол Бориш во 84.минута, но, сепак, победата и припадна на Македонија.

Селекцијата на Македонија до 21 година за четири дена ќе одигра уште еден пријателски натпревар, овојпат против селекцијата на БиХ во Коњич.

- Оглас -

Најнови вести