Тренерите на двете екипи финалисти во Лигата на шампионите, Един Терзиќ на Борусија Дортмунд, и Карло Анчелоти на Реал Мадрид, ги одредија почетните состави на мечот на сезоната кој се игра на „Вембли“ во Лондон.
Двајцата тренери со сите расположливи сили ќе атакуваат на трофејот. Реал Мадрид започнува во формациска поставеност 4-3-1-2, со Родриго и Винисиус во нападот, а тука ќе биде и најдобриот фудбалер на „кралевите“, Белингам.
И Борусија Дортмунд започнува со слична поставеност, 4-2-3-1, со таа разлика што Фулкруг ќе биде осамен во нападот, а ќе има помош од дури петмина фудбалери во средниот ред.
Финалето на Лигата на шампионите започнува во 21 часот.