Херојот на Реал искрен: „Не заслуживме ниту нерешено, а не пак да победиме“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, го доби признанието за најдобар играч на финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд. Токму Карвахал го постигна првиот погодок за „кралевите“ во победата од 2-0 над Борусија и беше еден од најзаслужните за освојувањето на 15-тиот трофеј во клупската историја.

Сепак, Борусија Дортмунд одигра одличен натпревар, германците може само да жалат што претходно не дојдоа во водство, па сигурно во тој случај натпреварот ќе имаше поинаков тек. Херојот на Реал Мадрид после мечот беше искрен и кусо искоментира: „Не заслуживме ниту нерешено, но тоа е фудбалот“, индиректно давајќе признание на фудбалерите на Борусија Дортмунд за одличната игра во финалето.

- Оглас -

Најнови вести