Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2-0 во финалето од Лигата на шампионите и дојде до својот 15-ти клупски трофеј. Сепак, овој трофеј беше 26-ти како играчи на Реал Мадрид за Лука Модриќ и Начо, со што станаа најтрофејни фудбалери во историјата на „кралскиот“ клуб. За хрватот ова е шести трофеј од Лигата на шампионите, со што се израмни на врвот со Пако Генто.
Лука Модриќ во игра влезе во 85-тата минута и само го подобри својот рекорд за највозрасен фудбалер кој настапил за Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Претходно хрватот од врвот го симна Ференц Пушкаш, откако настапи против Баерн Минхен во полуфиналето.
Паоло Малдини и Кристијано Роналдо сега имаат друштво, бидејќи Модриќ, Карвахал и Крос се израмнија со нив со по шест финални натпревари во Лигата на шампионите откако се игра во овој формат.