Огромниот Кинез го патосираше некогашниот шампион кој беше познат по нокаутите што ги даваше (Видео)

Америнаскиот боксер Дионте Вајлдер доживеа уште еден тежок пораз, откако во рингот во Саудиска Арабија беше нокаутиран во петата рунда од Кинезот Жилеи Жанг. Според некои најави ова може да биде и последна борба за Вајлдер во кариерата.

Американскиот боксер беше препознатлив по силината на ударот кој го има. Од 43-те победи што ги има во кариерата, дури 42 ги заврши со нокаут на противниците. Сепак, неговата кариера тргна во сериозна надолна линија во последните година-две.

Два пати загуби од Тајсон Фјури и го загуби појасот во ВБЦ категоријата каде со години беше доминантен. Потоа следеше победа над Роберт Хелениус, но во декември минатата година беше поразен од Јосеп Паркер во 12 рунди.

Вајлдер синоќа издржа само пет рунди во борбата против Кинезот кој беше физички доминантен. Американецот во борбата влезе со 97 килограми, дури 30 килограми помалку од ривалот. Тешките раце на кинескиот боксер беше преголем предизвик за Вајлдер, кој во петата рунда доби нокаут од кој не можеше да се врати.

- Оглас -

Најнови вести