Алкараз и Циципас закажаа четвртфинален меч на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз оствари убедлив триумф над Оже-Алијасим со 3-0 во сетови, а Стефанос Циципас го совлада Арналди со 3-1 во сетови во осминафиналните мечеви на Ролан Гарос. Сега им следи меѓусебен четвртфинален дуел во Париз.

Алкараз беше подобар од Канаѓанецот со 6-3, 6-3 и 6-1 во меч кој траеше нешто повеќе од два часа, а во следната рунда ќе се сретне со Стефанос Циципас.

Циципас го победи Арналди со 3-1 во сетови. Неговиот ривал го доби првиот сет со 6-3, но потоа Циципас беше подобар во тај-брејк, а последните два сета ги освои со идентични 6-2 во гемови.

- Оглас -

Најнови вести