Голем скандал ја тресе Германија во пресрет на Европското првенство, на кое ќе бидат домаќини. Германскиот медиум АРД објави анкета со прашање „дали сакате да има повеќе белци во репрезентацијата“, а потоа ги објави и резултатите, според кои 21% од 1.304 испитаници рекле дека сакаат да има повеќе бели фудбалери во репрезентацијата.
Ваквата анкета наиде на остри реакции во германската јавност, а свој коментар имаше и селекторот на репрезентацијата на Германија, Јулијан Нагелсман, кој ја осуди анкетата и поставеното прашање.
„Бев изненаден од поставеното прашање до луѓето, но нешто што повеќе ме шокираше е нивниот одговор. Тоа е расизам, мора да се разбудиме. Кимих им одговори, се согласувам со неговиот одговор. Лудо е да се постави такво прашање. Играме на ЕП за сите во оваа земја и секој кој игра за репрезентацијата е на врвно ниво и е добредојден како репрезентативец на Германија бидејќи сите ќе дадат максимум за оваа земја. Се надевам дека никогаш повеќе нема да има вакви анкети“, рече Нагелсман.
„Wir spielen eine EM für jeden im Land. Ich hoffe nie wieder etwas von so einer Scheiß-Umfrage zu lesen.“@J__Nagelsmann (@DFB_Team) pic.twitter.com/MRxXykBQ6a
— Nurder Koch (@NurderK) June 2, 2024