Мбапе: Сонот ми се оствари, едвај чекам да заиграм за Реал Мадрид

Килијан Мбапе е нов фудбалер на Реал Мадрид. Тој во наредните пет години ќе го носи дресот на Кралскиот клуб, а доаѓа како слободен агент од Пари Сен Жермен.

Мбапе сподели дека е многу возбуден и среќен.

„Сонот ми се оствари. Многу сум среќен и горд што му се приклучувам на клубот од моите соништа, Реал Мадрид. Никој не може да разбере колку сум возбуден во моментов. Едвај чекам да ве видам „мадридисти“ и ви благодарам за неверојатната поддршка. Хала Мадрид!“, напиша Мбапе.

Неговата објава беше придружена со фотографии од Мбапе како дете во тренерка на Реал Мадрид, како и фотографија со Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести