Старо-новиот ракометен шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, започна со креирање на ростерот за следната сезона. Битолчани откако се разделија дури со седуммина ракометари, сега го ангажираа и првото засилување. Се работи за 24-годишен кружен напаѓач од Хрватска, Кајо Цикатиќ, кој во Еурофарм Пелистер ќе дојде од екипата на Горица.
Цикатиќ е поранешен младински репрезентативец на Хрватска, потекнува од Дубровник, а во својата кариера има настапувано и за екипата на Загреб. Ова за него ќе биде прв интернационален предизвик.