Откажувањето на Новак Ѓоковиќ од настапот на Ролан Гарос значи дека Србинот ќе изгуби 1.600 поени и ќе биде симнат од врвот на АТП ранг-листата. Јаник Синер со победата над Димитров веќе има 350 поени и ќе го помине Ѓоковиќ на новото рангирање.
Србинот може да падне и на третата позиција, но само ако Карлос Алкарас го освои Отвореното првенство на Франција, во спротивно Ѓоковиќ на следното рангирање ќе биде на втората позиција.
Тоа значи дека Ѓоковиќ по 428 недели на врвот, ќе биде симнат, а може и дополнително да паѓа зависност од тоа колку време ќе биде надвор од терените поради повредата на менискусот на коленото.
За Јаник Синер ова ќе биде првпат да биде лидер на АТП ранг-листата, воедно и прв Италијанец кој се искачил на врвот од светскиот тенис.