Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос и нема да го брани трофејот, воедно го загуби и првото место на АТП ранг-листата откако му беше дијагностицирана тешка повреда на коленото, односно скинат медијален менискус. Се предвидува дека ќе паузира околу два месеца.
Србинот се огласи на социјалните мрежи по повлекувањето и упати порака до навивачите.
„Многу ми е жал што морав да соопштам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Играв со срце и дадов сè од себе на вчерашниот натпревар, но, за жал, поради повреда на менискусот на коленото, морав да донесам тешка одлука по деталните прегледи и консултации. Им посакувам многу среќа на останатите тенисери и искрено им се заблагодарувам на навивачите за љубовта и поддршката. Се гледаме наскоро“, напиша Ѓоковиќ.