Де Бројне го најави трансферот: „Сопругата сака егзотични дестинации, а јас можам да заработам повеќе од кога било“

Манчестер сити и Кевин де Бројне имаат договор до следното лето, а во моментов нема најава дека белгискиот интернационалец ќе потпише нов договор. Доколку тоа не се случи во скоро време, тогаш Граѓаните сигурно ќе сакаат и да заработат на Де Бројне, а неговата цена во моментов е 60 милиони евра.

Долго се споменува дека интерес за него има од Саудиска Арабија, а со последната изјава, фудбалерот како да најави дека се подготвува за трансфер, а главен виновник за тоа е неговата сопруга Мишел.

„Мишел сака егзотични дестинација и за неа Саудиска Арабија е во ред. Морам да мислам на мојата иднина. Во овие години мора да бидам отворен за сите опции, па така и за Саудиска Арабија. Кога би играл во Саудиска Арабија само две сезони, би заработил повеќе отколку вкупно во претходните 15 години од мојата кариера“, рече Де Бројне.

Следната дестинација за белгискиот интернационалец се очекува да биде екипата на Ал-Наср.

 

 

- Оглас -

Најнови вести