Голем дел од репрезентациите кои ќе настапат на Европското првенство во Германија денес ги одиграа своите први контролни натпревари. Словенија, Швајцарија, Австрија и Португалија подготовките ги започнаа со победи, Романија, Италија и Турција одиграа нерешено, додека Србија и Унгарија загубија.
Најголемото изненадување на денешните пријателски натпревари го направи селекцијата на Турција, која успеа да остане непоразена и да одигра без голови, 0-0, против Италија.
Португалија без Кристијано Роналдо беше убедлива против Финска и победи со 4-2. Головите за Португалците ги постигнаа Дијас и Жота во првото полувреме, додека во вториот дел двапати прецизен беше Бруно Фернандеш.
Швајцарија покажа сила против Естонија и победи убедливо со 4-0, додека Србија загуби со 2-1 од Австрија во дуелот на двете учеснички на Европското првенство. Неспешен старт имаше и Унгарија, која со 2-1 загуби од Ирска, додека Романија одигра само 0-0 против Бугарија. Победнички старт имаше и селекцијата на Словенија откако со 2-1 ја победи Ерменија.
Резултати:
Словенија – Ерменија 2-1
Швајцарија – Естонија 4-0
Романија – Бугарија 0-0
Австрија – Србија 2-1
Ирска – Унгарија 2-1
Португалија – Финска 4-2
Италија – Турција 0-0