Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас е третиот полуфиналист на Ролан Гарос откако без поголеми проблеми и само за 138 минути го совлада Циципас со максимални 3-0. Гркот едноставно немаше противигра за Алкарас, кој доминираше во текот на целиот натпревар и сосема заслужено им се придружи на Синер и Руд во полуфиналето.
Алкарас мечот против Циципас го започна одлично, со брејк уште во првиот гејм, а вториот брејк во првиот сет го направи во последниот гејм за 6-3. Најнеизвесен беше вториот сет, кој заврши 6-6 откако и двајцата тенисери изгубија по еден поен на свој сервис, но Шпанецот со 7-3 на поени беше подобар во тај-брејкот.
Во последниот сет на Алкарас му беше потребен само еден брејк за да дојде до победата. Победничкиот поен Шпанецот го освои во седмиот гејм, а до крајот само рутински ја одржуваше предноста.
Алкарас во полуфиналето за противник ќе го има новиот рекет број 1 во светот, Јаник Синер од Италија, додека Каспер Руд, кој службено се пласира помеѓу најдобрите четири на Ролан Гарос откако Ѓоковиќ се откажа, за противник ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Зверев и Де Минаур.