Мбапе замина, но продолжи „војната“ со ПСЖ: Клубот жестоко одговори на провокациите

Сагата околу преселбата на Килијан Мбапе во Реал Мадрид заврши, но не и „војната“ меѓу него и претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи. По две години флерт со Реал, Мбапе конечно потпиша за Кралскиот клуб. Стана слободен играч, без обештетување, а на тоа се реши во февруари, што го налути претседателот на ПСЖ.

Мбапе дојде во ПСЖ во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Меси и Нејмар и постигна 256 и асистираше за 108 гола во дресот на ПСЖ на 308 натпревари, тој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Тоа не му успеа ниту годинава, ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Борусија Дортмунд. Веќе некое време беше незадоволен и сакаше да си замине. Претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.

Месечно заработуваше околу 6 милиони евра бруто (2,7 милиони нето), а доби бонус од 180 милиони евра само за потпишувањето на договорот и дополнителни 70 милиони на крајот од секоја година од договорот, кој требаше да трае три години. Но, му беше понудена опцијата да замине бесплатно по две сезони и тој реши да ја искористи таа опција.

Откако Мбапе објави, Ал-Келаифи полуде и одби да му ги плати последните 70 милиони евра. Секако, поради апсурдната ситуација на некој што не сака да остане во клубот да мора да му исплати „бонус за лојалност“.

„Кога му кажав на претседателот дека ќе си заминам на крајот на сезоната, ми се закануваа и ми рекоа дека нема да играм за ПСЖ до крајот на сезоната. Ме спасија тренерот Луис Енрике и спортскиот директор Луис Кампос“, изјави вчера Мбапе.

Одговорот стигна од клубот. Неофицијално, но напишано од угледниот АФП, кој цитираше „сигурни извори од клубот“.

„Мбапе нема апсолутно никаква класа. Насер Ал-Келаифи никогаш никому не му дал ни најмала наредба поврзана со тимот. Луис Енрике го потврди ова. Но и покрај сѐ, штом Мбапе ќе каже нешто, сите го третираат како вистина. Во догледно време ќе се открие достоинството и професионалноста за доброто на ПСЖ, Париз и навивачите”, велат од Париз.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести