Со завршувањето на најквалитетните фудбалски првенства ширум Европа, заврши и шестата сезона на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Зоран Т. со погодено вкупно 211 натпревари е победникот кој си доби подарок ваучер од 30.000 денари за во продавниците на „Анхоч“.
Зоран вели дека клучно за победата е фудбалското знаење, а не тактиката, која ја немал кога ги пополнувал своите типови.
„Воопшто немав тактика при пополнување на типовите. Играв според моето фудбалско познавање и моменталната форма на екипите. Од голема помош ми беа и анализите кои ги објавувавте на Спорт Манија. Некаде во 10-тото коло избив на првото место и до крајот на сезоната успеав да го сочувам. Поединечно двапати успеав да погодам по 11 натпреври во едно коло. Ова ми е трета сезона како учествувам во Спортската прогноза и еве конечно успеав да победам. Од она што го следам, во оваа игра добри типстери би ги издвоил Богољуб и Кирил“, вели Зоран.
Зоран учествува и во останатите акциски понуди на Sport Life, но вели Спортската прогноза е убедливо број 1 бидејќи во минатото ја има играно и старата спортска во поранешна Југославија и во 90-титите години на минатиот век во Македонија.
„Учествувам во сите игри на Sport Life, но Спортската прогноза ми е убедливо број 1. Спортска прогноза играв и во младоста, тогаш имав една голема добивка за тоа време од 500 марки, а сега немам толку големи добивки бидејќи играм на ситно и со мали уплати. Оваа награда од 30.000 денера веројатно ми е најголемата која сум ја добил“, додава Зоран.