Официјално: Италијано е нов тренер на Болоња

Винченцо Италијано е нов тренер на Болоња. Италијано, кој сезонава беше на клупата на Фиорентина, со која стигна до финале во Конференциската лига, во Болоња доаѓа на местото на Тијаго Мота, кој заминува во Јувентус.

Договорот на Италијано со Болоња е на две години.

Италијано пред шест години водеше тим во Серија Д (четврта лига во Италија), а сега ќе има чест да води тим кој ќе учествува во елитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести