Саудиска Арабија и Египет сигурно ќе победат, репрезентативните натпревари ќе бидат ефикасни (Фото)

6717 Холандија – Канада (20:45)

Репрезентациите на Холандија и Канада за првпат во историјата ќе одиграат меѓусебен натпревар. Двете селекции важат за ефикасни и на нивните натпревари секогаш може да се очекуваат голови. Доказ за тоа е фактот дека еден од домаќините на следното Светско првенство, Канада, на пет од последните шест натпревари одигра „гол-гол и 3+“.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.30)

 

4869 Данска У21 – Норвешка У21 (18:00)

Двете скандинавски селекции за фудбалери до 21 година ќе одиграат контролен натпревар на кој се очекуваат многу голови. Данска и Норвешка на двата претходни натпревари одиграа со два, односно три гола, но Норвежаните се во серија од осум натпревари на кои се постигнати најмалку по два гола. Кај Данска таа серија е четири меча по ред.

Предлог тип: 1+I&1+II (1.75)

 

5869 Пакистан – Саудиска Арабија (17:30)

Саудиска Арабија со победа против Пакистан на гости ќе го потврди пласманот во следната фаза од квалификациите за Светското првенство. Првиот меч помеѓу овие две селекции заврши со победа од 4-0 за Саудиска Арабија, а ефикасен фудбал од богатите Арапи се очекува и во Исламабад.

Предлог тип: : Т2 4+ (1.77)

 

5865 Бахреин – Јемен (19:30)

Репрезентацијата на Бахреин во директен дуел против Јемен треба да го потврди пласманот во следната рунда од азиските квалификации за Светското првенство. Домашните се големи фаворити и го победија денешниот ривал на последните четири меѓусебни натпревари, а немаат пораз од Јемен на последните осум натпревари, односно од 2012 година. Последните три натпревари кои ги одигра селекцијата на Бахреин завршуваа најмалку со три гола.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.11)

 

5607 Египет – Буркина Фасо (22:00)

Египет важи за непобедлива репрезентација кога игра пред својата публика на Националниот стадион во Каиро, па како големи фаворити го очекуваат и дуелот од квалификациите за Светското првенство против Буркина Фасо. Фараоните имаа одличен старт на квалификациите и победија на првите два натпревари и се на добар пат да се пласираат во главната рунда, а денес имаат противник што им лежи. На четирите меѓусебни дуели, Египет победил трипати, а само еднаш било нерешено, но Египќаните го добиле и тој меч, но на пенали.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.79)

- Оглас -

Најнови вести