Манчестер сити го „краде“ златното момче од Реал Мадрид?!

Бразилскиот интернационалец Родриго важи за златно момче на Реал Мадрид бидејќи неговите голови најчесто се и одлучувачки за победа. Тој во 2019 беше купен од Сантос за 45 милиони евра, а сега достигна вредност од 100 милиони евра, но со доаѓањето на Килијан Мбапе, најверојатно ќе биде резерва.

Родриго не е задоволен од таквиот статус, кој може да се промени само доколку Карло Анчелоти одлучи дека ќе игра со тројца напаѓачи, што е малку веројатно во моментов. Тому затоа во акција веднаш се пушти Пеп Гвардиола, кој сака да го донесе во Манчестер сити и во кого гледа голем потенцијал за освојување трофеи.

Не е тајна дека Каталонецот веќе го контактирал 23-годишниот бразилски фудбалер, кој сега е на крстопат и треба да одлучи дали ќе остане во Кралскиот клуб или ќе се пресели во Премиер лигата.

Манчестер сити нема проблем да ја плати сумата од 100 милиони евра за Родриго, со оглед на тоа дека тој има активен договор со Реал Мадрид до 2028 година.

- Оглас -

Најнови вести