Жирона и Реал Сосиедад покажаа зошто се подобри надвор, отколку дома

Понеделничкиот меч од шпанската лига заврши без голови, а Жирона и Реал Сосиедад беа протагонистите во овој лош меч.

Ова се две екипи кои сезонава повеќе бодови освоија на гостински, отколку на домашен терен. Жирона потврди дека не е многу опасен домаќин, а Сосиедад докажа дека е непријатен гостин.

За утеха, Жирона за првпат по 10-ти ноември не прими гол, но нивна цел беше да дадат некој погодок и да освојат три бода.

Реал Сосиедад на 159 гостувања во областа Каталонија, има 107 порази, па и ова реми за нив е задоволителен исход. Откако на клупата седна тренерот Иманол, тимот од Сан Себастијан игра добра одбрана и на секој втор меч не прима гол. Тие не знаат за пораз во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести