Најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал, Златната топка, годинава ќе биде доделена на церемонија на 28 октомври во Париз.
Главни фаворити за добивање на признанието се ѕвездите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам. Во топ 5 фаворити се и Килијан Мбапе, Тони Крос и Хари Кејн.
За освојувањето на Златната топка, од клучно значење ќе бидат Европското првенство и Копа Америка.
Освен за фудбалер на годината, ќе има уште девет други прогласувања, а за првпат во 68-годишната историја на Златната топка ќе бидат врачени и награди за најдобри тренери кај мажите и жените. Номинациите ќе се објават на 4 септември.