Напаѓачот на Манчестер сити, Џек Грилиш, и дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, ќе го пропуштат претстојното ЕВРО 2024.
Тие нема да се најдат на конечниот список на селекторот Герет Саутгејт, најавуваат повеќе британски медиуми. Мегваер и Грилиш не се целосно закрепнати од здравствените проблеми.
Грилиш пред неколку дена играше половина час на контролката против Босна и Херцеговина, но сепак испадна од плановите на Саутгејт за ЕП во Германија. Мегваер не закрепнал доволно од повредата на потколеницата што ја заработи во април.
Грилиш и Мегваер беа дел од поширокиот список од 33-ца играчи, а седум играчи мора да бидат исфрлени пред да бидат објавени конечните 26-мина кои ќе патуваат во Германија.
Претходно отпаднаа и Џејмс Медисон и Кертис Џонс.