Струга Трим Лум се подготвува за настап во квалификациите за Лигата на шампионите. Новиот тренер Ќатип Османи вчера го имаше првиот тренинг со тимот, а раководството почна и со ангажман на нови засилувања.
Нова аквизиција на Струга ТЛ е Филип Дујмовиќ, босански голман кој доаѓа од редовите на Железничар Сараево. Тој е поранешен младински репрезентативец на БиХ.
Минатата сезона Филип Дујмовиќ ја почна како голман на романскиот клуб Динамо Букурешт, а претходно има настапувано и за Раднички Ниш и за Спартак Суботица.