Зајков: Ги детективиравме грешките од мечот со Хрватска, ќе се обидеме да ги исправиме против Чешка

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за вториот пријателски натпревар против Чешка во Храдец Кралове на 10 јуни. Против Хрватска се појавија многу грешки во играта, па оттаму и поразот од 3-0.

Дефанзивецот Ѓоко Зајков вели дека грешките се детектирани.

„Го анализиравме натпреварот со Хрватска, ги воочивме грешките, имаме неколку дена за подготовка за мечот против Чешка и се надевам дека ќе влеземе со многу поголема самодоверба. Ни треба поголем фокус во одредени ситуации, да бидеме сто проценти сконцентрирани на тактиката којашто ќе ни ја даде селекторот и секој фудбалер да одработи максимално”, вели Ѓоко Зајков.

„Свесни сме и дека некои фудбалери имаат проблеми на клупско ниво, и тоа секако се рефлектира и на игрите во националниот тим“, истакна дефанзивецот.

- Оглас -

Најнови вести