Мегваер: Целосно сум уништен, но ако не можам да играм, силно ќе навивам за Англија

Хари Мегваер го изрази своето разочарување што нема да игра за Англија на ЕВРО 2024. Централниот дефанзивец на Манчестер јунајтед остана надвор од последниот список на селекторот Герет Саутгејт бидејќи не успеа да закрепне од повредата.

„Скршен сум што не сум дел од тимот што ќе игра за Англија на Европското првенство ова лето. И покрај моите најдобри напори, не успеав да ја надминам повредата на потколеницата. Можеби премногу се трудев обидувајќи се да успеам. Целосно сум уништен. Најголема чест ми е да ја претставувам Англија. Тоа ми значи сѐ. Ако не можам да му помогнам на тимот како играч, ќе го поддржам како навивач – заедно со целата земја. Одете и освојте го трофејот момци“, истакна Мегваер во изјавата на социјалните мрежи.

Мегваер оваа сезона забележа 31 настап во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и две асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести