Холанѓаните со „четворка“ ја поздравија Канада

Фудбалската репрезентација на Холандија е подготвена за почетокот на Европското првенство, барем ако се суди по вечерашниот пријателски меч против Канада. Селекцијата на Роналд Куман славеше со убедливи 4-0 на „Де Кајп“ во Ротердам.

Мемфис Депај во 50-тата минута ја доведе Холандија во водство на асистенција на Фримпонг, а потоа фудбалерот на Баер Леверкузен го постигна својот прв гол во дресот на Лалињата.

Третиот гол беше дело на Ваут Вегорст во 63-тата минута само по неколку моменти откако влезе во игра, а серијата голови ја затвори Вирџил ван Дајк во 83-тата минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести