Англија и Германија нема да пропуштат шанса со победи да се загреат за ЕП

6739 Чешка – Малта (17.30 часот)

Овој пријателски меч ќе се игра во Австрија. Чесите в понеделник се домаќини на Македонија, па дуелот со Малта ќе им биде како генерална проба пред средбата со избраниците на Благоја Милевски. Чешка е голем фаворит на овој меч, и тоа според сите параметри. Чешка има само еден пораз на последните 12 меча, додека Малта има серија од шест меча по ред без победа. Последниот пат кога овие две селекции се сретнаа на пријателски меч во 2016 година, Чесите победија со 6-0.

Предлог тип: Т1 3+ (1.85)

 

6719 Албанија – Азербејџан (19.00 часот)

Албанците и Азербејџанците силите ќе си ги одмеруваат на неутрален терен во Унгарија. Албанија пред четири дена го совлада Лихтенштајн со 3-0, додека Азербејџан нема играно уште од 25 март, кога ремизира 1-1 против Бугарија. Нашиот западен сосед нема играно официјален меч против Азербејџан, но четирипати играле меѓу себе на пријателски мечеви, последен пат во 2011 година, кога победи Азербејџан со 1-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.45)

 

6745 Англија – Исланд (20.45 часот)

Ова е последен меч за Англија пред патувањето за Германија, каде што ќе биде еден од главните фаворити на ЕП. Публиката на „Вембли“ во Лондон ќе сака да види голови и за очекување е одбраната на Исланд да биде ставена на големи маки. На 3 јуни Англичаните ја победија БиХ со 3-0, слично нешто се очекува и вечерва. Исланд не успеваше да им даде гол на Англичаните на нивните дуели во Лигата на нациите во 2020 година, кога беа нивните последни меѓусебни пресметки.

Предлог тип: 1-1 & 2-4 (2.40)

 

6747 Германија – Грција (20.45 часот)

На дуелот во Менхенгладбах, домаќините на ЕП ќе сакаат да остават позитивна слика пред публиката, многу подобра од онаа од пред четири дена, кога одиграа 0-0 со Украина. Грција знае да биде цврст ривал, но тие не се учесници на ЕП 2024 и многу од репрезентативците со мислите се на одмор. Интересно е дека Германија ја победуваше Грција со 4-2 на последните две средби, но тие мечеви се одиграа одамна (едниот во 2012, другиот во 2001 година).

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.09)

 

6746 Полска – Украина (20.45 часот)

Братските соседни земји во Варшава ќе одиграат еден баш пријателски меч, а некако нерешениот исход делува како најреален бидејќи така би продолжиле сериите на двата тима без пораз. Полјаците последен пат загубија лани во септември од Албанија, а и Украина не загубила од септември, кога играше со Италија со клучниот меч од квалификациите за ЕП. Историјатот на меѓусебни дуели покажува дека секогаш имало голови, но само еднаш повеќе од два.

Предлог тип: Х (3.20)

- Оглас -

Најнови вести