Во интервју за „Инфобае“, Лионел Меси не се двоумеше да го пофали Реал Мадрид по нивниот неодамнешен успех по победата во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд во Париз.
Меси е најдобар играч и стрелец во историјата на Барселона, а сега игра за Интер Мајами и полесно му е понеутрално да гледа на работите.
„Ако зборуваме според резултатите, најдобар тим на светот е Реал Мадрид, ја освои Лигата на шампионите, а ако зборуваме според играта, мене лично ми се допаѓа Сити на Гвардиола“, вели Меси.
Меси во интервјуто кажа и дека не ја исклучува можноста да игра на следното Светско првенство во 2026 година.
„Зависи од тоа како се чувствувам, како сум физички и дали сум реален со себе“, рече еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.