Македонскиот претставник на Европското првенство во атлетика, Андреас Трајковски, не успеа да обезбеди пласман во финалето на скок во далечина. Тој во Рим успеа да скокне до 7,73 метри, што беше доволно за пласман на 22-рото место во конечниот ранкинг.
Неговиот најдобар обид, во третата серија, беше за 22 сантиметри „покус“ од скокот на Србинот Страхиња Јованчевиќ (7.95 метри), кој како последен, 12-ти, успеа да обезбеди место во финалето на оваа дисциплина.
Интересно е дека најдобриот скок, кој го изведе Швајцарецот Симон Ехамер (8,41 метри), е најдолгиот скок во квалификациите на оваа дисциплина на европските првенства.
Дарио Ивановски ќе ја претставува Македонија во полумаратонската трка на ЕП.