Германија на мускули до победа пред ЕП, домашен шок за Англија од Исланд (Видео)

Дел од репрезентациите кои од следната недела ќе учествуваат на Европското првенство во Германија денес играа контролни дуели како подготовка за настапот на континенталниот собир.

Репрезентацијата на Англија доживеа неверојатен пораз во генералката од Исланд на „Вембли“ во Лондон од 0-1. Единствениот гол на мечот беше постигнат во 12-тата минута, кога Торстеисон ја погоди мрежата на Рамсдејл.

Пред голем кикс беше и домаќинот на европското првенство, Германија, која со крајни напори и во самиот финиш успеа да направи пресврт против Грција и да победи со 2-1. Масурас ги донесе гостите во водство од 0-1 во 34-тата минута. Германија израмни Хаверц во 56-тата минута.

Победата на Германија ја донесе Грос во 89-тата минута, па така германците со победа ќе го очекуваат дуелот против Шкотска и отворањето на Европското првенство.

Неверојатен резултат имаше и на натпреварот помеѓу Романија и Лихтенштајн. На учесникот на Европското првенство не му беа доволни ниту 35 удари кон голот на Лихтенштајн за победа, па мечот заврши без голови, 0-0.

Резултати:

Чешка – Малта 7-1
Ерменија – Казахстан 2-1
Албанија – Азербејџан 3-1
Белорусија – Русија 0-4
Романија – Лихтенштајн 0-0
Англија – Исланд 0-1
Германија – Грција 2-1
Полска – Украина 3-1
Шкотска – Финска 2-2

- Оглас -

Најнови вести