Хрватски Босанец може да го наследи Тен Хаг на клупата на Манчестер јунајтед

Актуелниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, се спомнува како можен наследник на Ерик Тен Хаг на клупата на Манчестер јунајтед.

Засега Терзиќ кој ја донесе Борусија до финале во Лигата на шампионите сезонава, одбива да си замине од родната Германија. Тој има работено во Премиер лигата и тоа како помошник на Славен Билиќ во Вест Хем во периодот од 2015 до 2017 година.

Во Јунајтед беа решени да го отпуштат Тен Хаг, но освојувањето на ФА купот малку го забави процесот и нема да го сменат Холанѓанецот додека не се најде негова замена.

- Оглас -

Најнови вести