Баерн Минхен продолжува со креирањето на ростерот за следната сезона. Во Минхен се уште нема некои трансфер бомби, бидејќи потребно е прво „баварците“ да се ослободат од дел од скапите ѕвезди за да може да ангажираат нови фудбалери.
До сега потврдени се трансферите на Брајан Сарагоса од Гранада за 13 милиони евра, фудбалер кој и минатата сезона беше во Минхен, но како позајмен. Пристигна и Нестор Иракунда од Аделајд јунајтед за 3.4 милиони евра, но и Ерик Дајер кој како слободен пристигна од Тотенхем.
Следниот чекор на новиот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани, е враќањето од позајмица на Аријон Ибрахимовиќ, фудбалер со славно презиме кој минатата сезона настапуваше за Фрозиноне. Аријан не е во роднински врски со славниот Златан Ибрахимовиќ, бидејќи потекнува од Косово и има право да настапува за оваа земја, но во моментов е дел од младинските селекции на Германија за кои собра 23 настапи, а постигна 11 гола.