Фудбалската репрезентација на Хрватска после Македонија ја победи и Португалија, и тоа на гости во Лисабон. Очигледно дека селекцијата на Златко Далиќ, за овој меч засилена и со капитенот Лука Модриќ и со Марсело Брозовиќ, има квалитет за највисоки дострели и на Европското првенство.
Лука Модриќ од пенал во осмата минута донесе предност за Хрватска, а израмни Диого Жота на почетокот на вториот дел.
Победничкиот гол за Хрватите го постигна Анте Будимир во 56.минута од мечот.