Жозе Мурињо ја изненади светската фудбалска јавност кога неодамна се реши да ја прифати понудата и да седне на жешката клупа на гигантот од Истанбул, Фенербахче. Португалецот сега е растрчан по Европа да најде фудбалери, а од турските медиуми доби прашање дали едно од засилувањата ќе биде португалски фудбалер од Бенфика.
„Рафа Силва во Фенербахче? Јас колку што знам, тој ќе потпише за Галатасарај.“ – рече Мурињо.
Со тоа откри дека нивниот најголем ривал, Галатасарај, подготвува засилување од Португалија, со оглед на тоа дека Рафа Силва на 30-ти јуни станува слободен фудбалер и ќе може да направи трансфер како слободен агент. Што се однесува до Фенербахче, првата цел останува позајмица на Арда Ѓулер од Реал Мадрид, а Мурињо веќе го контактирал Флорентино Перес.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1799471996398637281?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1799471996398637281%7Ctwgr%5Ea7efc92e11f193c3d4bce208295c090795db1201%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Frafa-silva-fenerbahce-galatasaray-mourinho-transfer%2F476048